
Со почетокот на Светското првенство започнува и специјална роденденска акција во Kick Off Arena & Family Play Park, каде што најмалите љубители на спортот и забавата ќе можат да го прослават својот роденден со 20% попуст.,
Промотивната понуда важи од 11 јуни до 11 јули, а родителите можат да изберат еден од двата атрактивни роденденски пакети:
- Фудбал + Multiball – 4.000 денари
- Фудбал + Multiball + PS5 + пинг-понг – 5.200 денари
Освен спортските активности, децата ќе уживаат во богата содржина која вклучува фудбалски терен, PS5 зона, пинг-понг, песочен базен, игротека, тобогани, трамболини и Multiball, создавајќи совршена комбинација од игра, натпреварување и забава.
Од Kick Off Arena & Family Play Park порачуваат дека целта е секој роденден да биде исполнет со насмевки, дружење и незаборавни спомени, а поради големиот интерес препорачуваат термините да се резервираат навреме.
За резервации и дополнителни информации јавете се на 070 344 449.
Kick Off Arena & Family Play Park – родендени за паметење!
ПР текст

