Skip to main content
Спорт

Вардар во конкуренција на шест екипи за четири вајлд карти од Лигата на шампионите

17/06/2026  20:21

Европската ракометна федерација ЕХФ објави список на десет сигурни екипи за новата сезона од Лигата на шампионите, а во групите ќе играат вкупно 24 репрезентации. Десет сигурни учесници според рангирањето на федерациите се: Магдебург, Барселона, ПСЖ, Алборг, Келце, Веспрем, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, Загреб и Колстад, како и шампионот на Европа лигата – Мелсунген.

Македонскиот првак Вардар нема директно место во најсилното европско клупско натпреварување, но аплицираше за вајлд-карта и многу веројатно според сите најави ќе ја добие од ЕХФ. „Црвено-црните“ имаат пет конкуренти: Цеље (Словенија), Валур (Исланд), Кристијанштад (Шведска), Криенс (Швајцарија) и Партизан (Србија). Четири од овие шест екипи ќе добијат покана за учество во Лигата на шампионите.

Учесниците во Лигата на шампионите ќе бидат потврдени на 22.јуни, а извлекувањето на групите ќе се одржи на 26.јуни.

24-те екипи учесници ќе бидат поделени во шест групи под четири екипи.