Skip to main content
Скопје

Поуреден и почист кеј: Град Скопје инвестира во нова урбана опрема

17/06/2026  16:05

Кејот на реката Вардар добива поуреден и помодерен изглед со поставување нова урбана опрема, како дел од активностите за подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните.

На една од најпосетуваните локации во Скопје поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со што се унапредува функционалноста на просторот и се создаваат подобри услови за сите посетители. Целта е кејот да биде почист, поуреден и попријатен за секојдневно користење.

Паралелно со поставувањето на урбаната опрема, продолжуваат и редовните активности за одржување на кејот, како и чистењето на коритото на реката Вардар на територијата на Град Скопје.

Од градските власти посочуваат дека уредувањето на јавните простори останува еден од приоритетите, со цел создавање поквалитетна урбана средина и подобри услови за живот на граѓаните.

Со континуирани инвестиции и конкретни активности, Град Скопје продолжува да го уредува јавниот простор во согласност со потребите и очекувањата на жителите.