
На 15.06.2026 во 15:07 часот во ОВР Струга е пријавено дека на „Машка плажа” во Струга, од водите на Охридското езеро е изваден давеникот С.С.(20) од с.Октиси, струшко, кој бил со педалинка во езерото.
Тој е пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош,а во 16:05 часот починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен е вид од увидна екипа на ОВР Струга.



