Skip to main content
Скопје

Градоначалникот Митески потпиша договор за финансиска поддршка на пензионерите

16/06/2026  13:29

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша договор за финансиска поддршка со Здружението на пензионери „Солидарност“ – Аеродром, потврдувајќи ја континуираната грижа и поддршка што Општина Аеродром им ја обезбедува на своите највозрасни сограѓани.

Пензионерите се важен дел од нашата заедница – генерации кои со својот труд, знаење и посветеност придонеле за развојот и напредокот на општеството. Нивниот придонес заслужува искрена почит и благодарност.

Општина Аеродром и понатаму ќе остане посветен партнер во создавањето подобри услови за живот на пензионерите. Додека работиме на развојот на општината и инвестираме во иднината, со еднаква одговорност ги негуваме и вредностите, традициите и луѓето што ги поставиле темелите на денешниот Аеродром.

Благодарност до членовите на Здружението „Солидарност“ – Аеродром за нивната активност, посветеност и придонес во заедницата.