Skip to main content
Скопје

Левица: Каде е ветениот паркинг пред „Црвенкапа”

14/06/2026  16:31

Соопштение на Левица:

Во декември градоначалникот Митевски најави асфалтирање на паркингот пред градинката „Црвенкапа”, проект претставен како решение за проблемите со кои секојдневно се соочуваат родителите и жителите од околината.

Седум месеци подоцна, од ветениот паркинг нема ниту трага, а граѓаните и понатаму се соочуваат со кал и дупки. Во април беше посочено дека доцнењето е поради тоа што се чекало подобрување на временските услови за почетокот на асфалтирање, но состојбата на терен останува непроменета еве веќе цели два месеци, иако временските услови се идеални.

Советничката Сања Несторовска Лазарова прашува: што се случи со најавеното асфалтирање и кога конечно ќе започне или ќе чекаме да дојде повторно зима за да се вадиме на временските услови?