Британските новинари го прогласија Стерлинг за играч на годината во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг е избран за играч на годината во Премиер лигата, според британските новинари.

Оваа сезона, Стерлинг настапи на 32 натпревари за Манчестер сити во англиското првенство, постигна 17 гола и оствари 12 асистенции.

Претходно, 24-годишниот Англичанец стана најдобар млад играч и се најде во симболичниот тим на годината според ПФА.

Стерлинг со својот клуб се наоѓа пред одбрана на трофејот во Англија. На „граѓаните” им се потребни две победи во последните две кола за да дојдат до нов наслов.

Треба да знаете
Последни објави