
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол. Четири лица во Прилеп (малолетник), две лица во Битола, три лица во Скопје и по едно лице во тетовско, Тетово (малолетник), Гостивар (малолетник), Кавадарци, Неготино (малолетник), Штип, Кочани и Гевгелија. Еден од возачите во Скопје и возачот во Штип биле и под дејство на алкохол. Со забрана за управување на возило биле лишени по едно лице во Гостивар и едно во прилепско. Под дејство на алкохол двајца возачи управувале возило во Прилеп, а по едно лице во Крива Паланка, Битола и Гевгелија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.



