Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија”

14/06/2026  14:54

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Почетокот на работите за автопатот Скопје-Блаце е голема вест за сите граѓани на Северна Македонија. Конечно, овој автопат станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија.

Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на ВЛЕН. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме за 24 месеци.

Ја потсетуваме ДУИ дека Албанците го чекаат овој автопат со децении. Според роковите што беа јавно ветувани, тој требаше да биде завршен приближно во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија”. Очигледно, имале други приоритети. Не им биле грижа ниту Албанците, ниту автопатиштата.

Албанците добро ги знаат приоритетите на ДУИ за време на нивното владеење. Секојдневно сме гледале и сè уште гледаме скандали со злоупотреби, и со јавните пари и со ИПА-фондовите.

Со заминувањето на ДУИ од власта, престана масовната корупција и започна работата. Затоа оваа Влада го гради автопатот Скопје-Блаце, интензивно работи на Коридорот 8, го гради кампусот на УНТ, Болницата во Кичево и Болницата во Тетово, како и инвестира во основната инфраструктура во општините. Не сме биле сиромашни, сме биле ограбувани!