Skip to main content
Македонија

Во вторник и среда ново невреме во Македонија

14/06/2026  08:29

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина во Вторник и во Среда 16/17 Јуни 2026 во Македонија во попладневните часови ќе дојде до ново поголемо дестабилизирање на атмосферата и формирање на фронтални и нестабилни влажни бранови. Ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои на повеќе места во Македонија очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град.

И во делови од Скопскиот регион во Вторник и во Среда 16/17 Јуни 2026 во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме со град.

Што се однесува до температурите, тие во овие два дена ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, а во Скопје  и околината максималната температура ќе се искачи до околу 30/31 степен.