Skip to main content
Свет

Името на Доналд Трамп утрово е отстрането од „Центарот Кенеди“

13/06/2026  14:31

Името на Доналд Трамп утринава беше отстрането од „Центарот Кенеди“ во Вашингтон, по помалку од шест месеци откако беше поставено, согласно судската одлука дека уметничкиот центар не може да се преименува без одобрение од Конгресот.

Работата започна околу 1:20 часот по локално време, нешто повеќе од еден час откако Министерството за правда објави дека владата нема да може да го исполни рокот,  петок во 23:59 часот, што беше поставен од судот за отстранување на името на сегашниот американски претседател од култната сала во Вашингтон.

Доцна синоќа Министерството за правда во поднесок соопшти дека ќе го пропушти рокот поради бури што би можеле да претставуваат ризик за безбедноста на работниците и побара продолжување од 12 часа.

Управниот одбор на центарот, со кој претседава Трамп, гласаше во декември да го преименува во Меморијален центар за сценски уметности „Доналд Џ. Трамп и Џон Ф. Кенеди“. Следниот ден, работниците почнаа да го пишуваат неговото име на зградата.

Окружниот судија, Кристофер Купер, на 29 мај пресуди дека само Конгресот може да го преименува уметничкиот центар. Неговата наредба бараше името на Трамп да биде отстрането од фасадата на зградата, нејзината веб-страница и други материјали.

Купер притоа рече дека нема да ја поништи наредбата додека федералниот апелационен суд ја преиспитува неговата одлука.

Центарот е отворен во 1971 година како споменик на претседателот Џон Ф. Кенеди, демократ убиен во 1963 година. Трамп, републиканец, го наполни својот одбор на директори со сојузници откако ја презеде функцијата минатата година.