Skip to main content
Култура

Избрани петте книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци” на Струшките вечери на поезијата за 2026

13/06/2026  14:09

На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2026 до 01.05.2026 годинаКомисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените  фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори:

1. „Меко трње“ од Марија Ангеловска, (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), (Скопје: Бегемот, 2026) ,

2. „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026);

3. „Сократовиот разговор во еден случаен свет“ од Даниела Андоновска – Трајковска, (Битола: Перун Артис, 2026);

4. „Длабок простор“ од , Зоран Анчевски, (Скопје: Арс Ламина, 2026);

5. „ДАРУМ est“од Ирена Бабамова Стојчева (Скопје: Макавеј, 2026);

6. „Времето ќе ја истресе тишината“ од Мане Манушев (Скопје, Антолог, 2026);

7. „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски (Скопје: Арс Ламина, 2025);

8. „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ од Тони Попов (Охрид: ЗПРКДУ – Креативна верига, 2025);

9. „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026);

10. „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026),

Жири-комисијата потоа едногласно ја утврди листата со потесниот избор од  5 поетски книги во конкуренција за наградата (наведени по азбучен ред според презимето на авторот):

– „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026),

– „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026),

– „Длабок простор“ од Зоран Анчевски (Скопје: Арс Ламина, 2026),

– „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026),

– „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026).          

Жири-комисијата, согласно Правилникот за наградата, продолжува да работи во тајност до донесувањето на конечната одлука. Поетите од потесниот избор ќе имаат свое претставување на одделен настан на фестивалот, пред официјалното соопштување на добитникот, кое ќе биде на 26.06.2026 година, во 12:30 часот. Наградената книга покрај паричната награда добива и објавување на книгата во превод на англиски јазик, промоција и портрет на следното издание на Струшки вечери на поезијата.

Фестивалот ќе започне на 24 јуни 2026 година со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија. Официјалното отворање ќе биде вечерта во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 20:30

Годинава Фестивалот ќе се одржи под фестивалското мото „Каде што живее поезијата“, кое е сообразено и со целокупниот визуелен концепт изготвен од креативниот тим на СВП, преку кој се посочува на кревкоста на традицијата и културата, но и за нејзината особеност и трајноста на зборот. За јазикот како куќа на поезијата, за внатрешното и светогледите, за идентитетите и разноликоста. Сето ова е одразено и низ целокупната програма на Струшките вечери на поезијата, кои годинава одбележуваат 65 години од своето постоење.