Skip to main content
Свет

Шариф: Постигната е согласност за текстот за мировен договор меѓу САД и Иран

13/06/2026  11:11

Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, објави денеска на социјалната мрежа „Икс“ дека е постигната согласност за текстот на мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

„Мирот никогаш не бил толку блиску како што е денеска“, истакна пакистанскиот премиер во својата објава.

Шариф додаде дека Исламабад продолжува активно да работи со двете преговарачки страни со цел успешно финализирање на следните конкретни чекори од процесот.