Skip to main content
Македонија

Не сакаме ни да помислиме што можеше да се случи – сведоштво на станари по утринскиот пожар во Кисела Вода

12/06/2026  11:14

Станарите од зградата „Трим и Лум“ на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода велат дека утринешниот пожар можел да прерасне во трагедија од поголеми размери доколку не била брзата интервенција на надлежните служби.

Во своето сведоштво тие изразуваат благодарност до полициските службеници, Територијалната противпожарна единица и екипите на ЕСМ, кои, според нив, со навремена и координирана реакција успеале да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење.

„Не сакаме ниту да помислиме какви последици ќе имаше доколку пожарот се проширеше. Благодарение на професионалната реакција на службите, сè заврши без последици по здравјето и безбедноста на жителите“, велат станарите.

Тие апелираат надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да ги утврдат причините за избувнувањето на пожарот.

Воедно, жителите укажуваат и на, како што наведуваат, долгогодишен проблем со безбедноста во околината на зградата поради интензивните градежни активности. Според нив, градилиштето е неуредено, на повеќе места висат електрични кабли кои, како што тврдат, не се соодветно обезбедени, додека во непосредна близина секојдневно играат деца.

Станарите бараат итна инспекциска контрола и преземање мерки за обезбедување на градилиштето, со цел да се спречат нови инциденти и да се гарантира безбедноста на жителите и минувачите.