
Метео анализа на Славчо Попоски:
Вчера вечер и во текот на изминатата ноќ до рано утрово од денешниот ден Петок 12 Јуни 2026 во Македонија на повеќе места имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер локално со појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења, силен ветер и со појава на град.
Сето ова беше поради влијанието на ладниот атмосферски фронт кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до Балканот и Македонија и ни донесе многу нестабилно време поради судирот на истиот со значително потоплиот воздух од југ кој до вчера се наоѓапше над нашиот дел од Европскиот Континент. Силно невреме имаше на повеќе места и во соседството.

На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите денешните минимални измерени температури до 8 часот утрово по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа исто така до 8 часот утрово. Најмногу дожд и тоа 16 литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна на Попова Шапка и во Тетово.



