Skip to main content
Македонија

Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната година 2025/2026 година

11/06/2026  16:20

Министерството за  социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2025/2026 година.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

  *   за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
  *   за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
  *   за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
  *   за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.