
Метео анализа на Славчо Попоски:
Од северозапад, преку Алспкиот регион кон Балканот и Македонија се движи ладен атмосферски фронт кој на Алпите донесе обилни снежи врнежи а ширум Балканот очекувам и појава на временски непогоди денес Четврток 11 Јуни 2026.
Во Македонија овој ладен атмосферски фронт од северозапад ќе пристигне денес Четврток 11 Јуни 2026 во попладневните и во вечерните часови кога локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме со град.
Во текот на ноќта кон Петок 12 Јуни 2026 и во Петок 12 Јуни 2026 во поголем дел од Македонија ќе имаме врнежи од дожд а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен правец и со појава на локално невреме проследено со обилен пороен дожд (до околу 20 литри на метар квадратен дожд) силен ветер од северен правед (до околу 60 км/час) електрични празнења и со појава на град.
Во Петок на 12 Јуни 2026 исто така ќе дува умерен до засилен а долд Повардарието повремено силен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час) а температурите значително ќе опаднат и за 3 до 8 степени ќе бидат пониски за разлика од оние температури кои ги имавме до сега и тие во Петок на 12 Јуни 2026 ќе бидат значително под просекот за Јуни и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Во Скопје и околината во Петок на 12 Јуни 2026 максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.
И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен правец (со брзина од над 60 км/час) електрични празнења и со појава на град.

