
На 09.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 15:00 часот на улица „Браќа Капчеви” во Велес, А.А.(47) од Велес, управувајќи мопед „кимко” со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.


