
Соопштение за јавност на СДСМ:
ВМРО-ОКГ и Мицкоски денес се фалат со „Роаминг како дома”, како да се тоа нивен голем успех и како да го покренале токму тие.
Да разјасниме: Ова не е проект покренат и реализиран од ВМРО. Ова е европска политика која важи во целата ЕУ и која ја спроведуваат сите земји кандидати за членство.
Процесот е потпишан и започнат уште во времето на владата предводена од СДСМ.
Наместо да работат на она што е навистина важно, на реформите – ВМРО се фали со нешто што и онака мора да се направи.
Додека се фалат со роминг, граѓаните немаат пари за патувања, а оние кои сепак одат мора да чекаат и по 10 часа на граница.
Толку за „олеснување на животот на граѓаните”.
На реформите работеле толку „успешно” што единствениот закон што се обиделе да го протуркаат – Законот за судскиот совет, Европа го врати на повторно реформирање. Толку за нивната посветеност на европскиот пат.
Мицкоски и неговата банда не сакаат правосудство затоа што тоа значи независно европско правосудство. А независно правосудство значи дека повеќе нема да можат да наредуваат на обвинителите од собраниската говорница, преку медиуми или по телефон. Нема да можат да најавуваат пресуди во живо во своите програми.
Тогаш доаѓа одговорноста и некој ќе мора да одговара за грабежот на државата.
Затоа Мицкоски и ВМРО не сакаат реформи. Затоа нема напредок кон Европа.
Затоа што Европа носи правда, а правда значи крај на заштитата на криминалот и корупцијата.
Доста е со лаги. Реформи сега.


