
Квалитетот на тутунот зависи од правилното третирање во текот на производството. За тутунарите, тоа значи заштита на годишната инвестиција, зачувување на производот и намалување на ризиците при откупот.
СЕКЕ Прилеп ги потсетува тутунарите на пет клучни правила: користење препорачани препарати, почитување на дозата, лична заштита, исправна опрема и стручна консултација.
За третирање на тутунот се препорачуваат Chlomazone против плевели, Sivanto Prime против штетни инсекти и Rival против болести. Употребата на неодобрени и неквалитетни препарати може да го наруши квалитетот на тутунот и да создаде проблеми при откупот.
Тутунарите треба да ги почитуваат дозите и интервалот меѓу прскањето и бербата. Третманите треба да се вршат според препораките, без произволно мешање на препарати и без отстапување од упатствата.
При работа со препарати потребни се ракавици, маска и заштитна облека. Не треба да се јаде и пие за време на прскањето, не треба да се прска при ветер, а по третманот потребно е миење.
СЕКЕ Прилеп препорачува и редовно сервисирање и правилно одржување на опремата за прскање. За сите прашања поврзани со производството, агрономите и експертите од СЕКЕ Прилеп се достапни за консултации.


