Skip to main content
Економија

СДСМ: „10 милијарди евра за 10 години” – нова должничка замка, а нема развој

09/06/2026  08:17

Соопштение за јавност на СДСМ:

Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години”. 

Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните.

Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. 

Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. 

Тоа значи повисоки камати, поскапо задолжување и помалку пари за плати, пензии и јавни услуги.

Покрај тоа, најавата предвидува само 57 километри автопат за 10 години – односно 5,7 километри годишно. 

Ова е крајно недоволно за сериозен економски раст и подобра поврзаност на земјата.

Уште поалармантно е што нема јасни извори на финансирање. 

ЕУ фондовите се блокирани поради отсуство на реформи, буџетот е празен, а странските инвестиции паднаа за 60 отсто. 

Единствената преостаната опција е ново задолжување – што значи уште поголем товар за граѓаните.

Наместо да се фокусира на вистински развој преку продолжување на европскиот пат, подобрување на деловната клима, владата произведува пропагандни најави без финансиска и институционална подлога.

Резултатот ќе биде уште поголем јавен долг, послаб економски раст и долгорочно послаб животен стандард за граѓаните.

Доста е со лаги и празни ветувања.