Skip to main content
Скопје

Јакимовски: Секој вработен освен Лукровски добива отказ ако отсуствува од работа три дена неоправдано

07/06/2026  13:41

Прес конференција на претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски по користење на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30ти Мај. До денес тој не е појавен на своето работно место. Законот за работни односи член 82 е јасен и вели: “Ако работникот отсуствува од работа три последователни дена и не го оправда своето отсуството му следува отказ без отказен рок. Сотир Лукровски може да отсуствува од работа доколку е на службен пат, годишен одмор или доколку е на боледување.

Тој ниту е на службен пат, не е на годишен одмор ниту пак докторите повеќе сакаат да му дадат боледување. Значи со никаков документ не го оправдал своето отсуство од работа. Законот за работни односи член 82 важи за 500.000 вработени во оваа држава, само на другарот на премиерот Мицковски не може да се применува. За Сотир Лукровски не важи овој туку законот на премиерот Мицковски кој вели дека градоначалникот на Карпош после боледувањето требал да се одмори од лежење. Бараме државниот инспекторат за труд да дојде и да констатира победа на граѓаните на Општина Карпош врз безаконието на Христијан Мицковски и Вмро Дпмне.

Карпош не заслужува ваков потценувачки однос кон своите граѓани и ова е флангрантна навреда на интелегенцијата и достоинството на Карпошани од нивниот сограѓанин – Мицковски.