Skip to main content
Хроника

Запалено ,,Ауди” на паркинг во Аеродром

06/06/2026  15:42

На 06.06.2026 во 02:53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, било опожарено паркирано патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.И. (56) од Скопје, а претходно управувано од А.И. (28) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т..

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, повредени лица нема, а увид е извршен од екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.