Skip to main content
Свет

Папата Лав XIV во посета на Шпанија

06/06/2026  12:22

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, утрово замина на својата втора посета на Шпанија, каде што е предвидено да ја отвори новата кула на базиликата Саграда Фамилија во Барселона и да разговара со функционери и граѓани.

Се очекува посетата на папата да привлече голем број посетители од 6 до 12 јуни, а предвидено е тој да ги посети Мадрид, манастирот Монсерат и Канарските Острови, пренесува Ројтерс.

Се очекува Лав XIV да одржи повеќе од 20 говори за време на неговата посета, а ќе се обрати и пред шпанскиот парламент.

Папата треба да се сретне со шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција подоцна денес, пред да се обрати на дипломатите и цивилниот сектор.

Во текот на денот, тој ќе се сретне и со млади луѓе на плоштадот пред стадионот „Сантијаго Бернабеу“, дом на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, а потоа ќе посети и римокатоличка добротворна организација за бездомници.