
Паркот „Ринија” во Топанско Поле добива нов изглед во рамки на инвестициите на Општина Чаир за уредување и унапредување на јавните простори.
Во паркот се реализираат активности за подобрување на рекреативните и спортските содржини, создавајќи подобри услови за граѓаните, а особено за децата и младите.
„Инвестираме во простори што секоја населба ја прават позелена, пофункционална и поубава за граѓаните”, изјави Меџити.

