Skip to main content
Хроника

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

05/06/2026  14:30

На 04/05.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Б.(21), Ј.Р.(24), Л.М.(22) и Г.М.(52),  сите од Скопје, Х.Ќ.(36) и Т.К.(36) од Германија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. 

На 04.06.2026 во 07:20 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М.(39) од с.Калуѓерица, радовишко. При контрола на товарно возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал, во кабината на возилото била пронајдена и одземена марихуана.  

На 04.06.2026 на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишија од слобода Р.К.Р.А.(38) од Перу. При преглед и контрола во автобус во кој се превезувал како патник, полициските службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток пронајдоа и одзедоа марихуана и ризли. 

На 04.06.2026 во 20:50 часот на крстосницата од улица „172“ и улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.С.(26), А.И.(20) и А.В.(21), сите од село Долно Палчиште, тетовско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. 

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.