
На 04.06.2026 во 17:10 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Џ.Б.(27) од Турција.
При пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било утврдено дека за него била распишана телеграма од полициската станица Чаир затоа што на 03.06.2026 во 13:30 часот во Прифатен центар за баратели на азил во с.Визбегово, го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.С.(26) од Турција, исто така барател на азил.
Тој е спроведен во Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

