Skip to main content
Хроника

Крвава пресметка во Шуто Оризари: Двајца тешко повредени, 11 лица приведени

04/06/2026  14:21

Единаесет лица се приведени по масовна физичка пресметка што се случила доцна синоќа на подрачјето на Шуто Оризари, при што две лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни 2026 година во 23:04 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која учествувале повеќе лица.

Во инцидентот тешко биле повредени Е.Ј. (35) и М.Ј. (37), кои по укажаната прва помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошен медицински третман.

По преземените мерки и активности, полициските службеници лишиле од слобода вкупно 11 лица: С.Џ. (53), М.С. (27), Џ.Џ. (28), А.К. (44), С.С. (29), Ф.М. (46), Ф.С. (20), Д.Ј. (21), Е.Ј. (32), Ј.Ј. (27) и Н.Ј. (54), сите од Скопје.

Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за причините што довеле до инцидентот и за околностите под кои избувнала тепачката.