Skip to main content
Хроника

Предизвикал сообраќајка, па нападнал полицајци, кривична за 29-годишник од Дебар

04/06/2026  14:33

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Љ.(29) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило” и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста”.

На 29.05.2026, движејќи се со голема брзина со патничко возило, пријавениот предизвикал сообраќајна незгода, а откако на местото пристигнале полициски службеници, тој физички ги нападнал.