Skip to main content
Хроника

Се обиделе со трактор да прегазат шумари откако ги фатиле во бесправна сеча

04/06/2026  14:58

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.

На 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта”, пријавените со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река”, кои ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва.