
Вицeпремиерот Алексадар Николоски во гостување во поткастот ” Риштази” истакна дека изградбата на автопатот Требениште- Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди трасата на автопатот.
“УНЕСКО вели оваа траса е проблематична, ќе видиме финално што ќе кажат крај на јуни, почеток на јули. Ние ќе се бориме да ја одбраниме трасата и велиме дека е добра. И на крај ќе пресечеме крај на јуни, почеток на јули. Ако нашите аргументи победат, ќе градиме по таа траса. Ако нашите аргументи не победат, ќе градиме по траса која што е малку подолу. Но, повторувам, не е прашањето дали, прашањето е по која траса ќе го гардиме автопатот Требениште-Ќафасан”, истакна вицепремиерот Николоски


