Барселона подготвена да плати 115 евра за Рашфорд 115 милиони евра

Шпанскиот шампион Барселона има намера да го донесе на „Камп ноу” напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.

Во англиските медиуми се појавија шпекулации дека каталонскиот клуб е подготвен да понуди 115 милиони евра за 21-годишен Англичанец.

Рашфорд ќе се согласи да оди во Барселона ако Манчестер јунајтед не успее да влезе во Лигата на шампионите за тековната сезона. Неговиот договор со „црвените ѓаволи” е со важност до јуни 2020 година.

Оваа сезона, Рашфорд настапи на 44 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 13 гола и забележа шест асистенции

Треба да знаете
Последни објави