
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста и граѓаните на град Скопје дека во тек е последната недела од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање.
Рокот за искористување на можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата истекува на 05.06.2026 година.
Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:
02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
02 3240 300, Дирекција;
kontakt@vodovod-skopje.com.mk;

