Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајна несреќа го блокираше патот Стража – Кичево, судир меѓу три автомобили и камион

30/05/2026  16:20

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска на магистралниот патен правец Стража – Кичево, во близина на Трапчин Дол, при што сообраќајот на оваа делница е целосно во прекин.

Според првичните информации, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и едно тешко товарно возило. Камионот бил со албански регистарски ознаки, додека меѓу автомобилите имало возила со унгарски и кичевски регистарски таблички.

На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полициски службеници кои преземаат мерки за расчистување на случајот и обезбедување на местото на настанот.

Засега нема официјални информации за бројот на повредени лица и тежината на нивните повреди. Надлежните институции најавуваат повеќе детали по завршувањето на увидот.

Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Стража – Кичево е во прекин, а возилата се пренасочуваат по алтернативни и споредни патишта.

Полициските екипи вршат увид за утврдување на причините и околностите под кои дошло до судирот.