
Во СВР Тетово во текот на вечерта биле регистрирани два настани поврзани со пријави против лицето В.Р.(57) од Тетово. Имено на 29.05.2026 година во 23:40 часот, неговата 78 годишна мајка пријавила „загрозување на сигурноста при семејно насилство“, бидејќи во семејниот стан лицето кршело предмети и агресивно се однесувало.
По што на 30.05.2026 година во 00:17 часот, нивната сосетката пријавила, дека на 29.05.2026 година околу 18:10 часот, В.Р. заѕвонил на нејзината врата и со остар предмет и нанел повреди.
Лицето В.Р. со асистенција на полицијата и Итната медицинска помош Тетово е пренесено и хоспитализирано во соодветна здравствена установа во Скопје.

