Skip to main content
Хроника

Приведени четири државјани на Албанија поради незаконит риболов во Преспанското Езеро

29/05/2026  11:20

Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов.

Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница.

На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од околу 60 килограми.

По целосното документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.