
Израелската армија вечерва предупреди дека ја прогласува целата територија во Либан јужно од реката Захрани за воена зона.
– Со оглед на континуираните прекршувања на условите за прекин на огнот од страна на терористичката организација Хезболах, (израелската армија) ќе дејствува против неа со голема сила, наведе портпаролот на израелската армија Авичај Адреи.
Тој претходно преку видеопорака ги повика Либанците да се евакуираат од Тир, бегалските кампови и околните градови во јужен Либан.
– Поради вашата безбедност, веднаш евакуирајте се и тргнете кон север, преку реката Захрани. Предупредување: секоe движење јужно од реката Захрани би можело да го загрози вашиот живот, наведе Адреи.
Реката Захрани е на околу 40 километри од границата помеѓу Израел и Либан.
Додека началникот на Генералштабот на израелската армија генерал-потполковник Ејал Замир изјави дека армијата ги интензивира операциите во Либан за да нанесе уште потешки удари врз Хезболах.
– Оваа мисија се спроведува методично, на сите фронтови, во воздух и на земја, со одговорност и решителност, против ослабен и тешко поразен непријател, наведе Замир.
Тој додаде дека израелската армија ќе продолжи со „немилосрдните напори за нанесување голема штета на непријателот, и на фронтовската линија и во заднината“.


