Skip to main content
Економија, Македонија

Средба Николоски – Бутковиќ: Суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците 

26/05/2026  12:13

Денеска во Охрид во рамки на официјалната посета на владата на Република Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со заменик претседателот и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ.

На билатералната средба се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како  и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Николоски се заблагодари за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи и се заблагодари и за измените на Законот за работни визи кои веќе ги направи Република Хрватска кои се од огромно значење за нашите превозници.

На самата средба се разговараше за економската соработка помеѓу двете земји и можностите за засилена економска активност помеѓу двете држави.