Skip to main content
Македонија

ВМРО-НП: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика

25/05/2026  13:01

Соопштение за јавност на ВМРО-НП:

ВМРО-Народна партија со загриженост ја коментира информацијата дека единствен кандидат за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија ќе биде Гордана Јовиќ – Стојковска.

-Не се сомневаме дека таа е сигурно едно ниво поквалитетна од сите изворни македонски писатели и со тоа заслужила да биде кандидат за претседател на ДПМ но исто така не можеме, а да не го истакнеме и нејзиниот ангажман во рамките на прославите за српското ослободување на Србите од Стара или Јужна Србија. Имено писателката Гордана Јовиќ – Стојковска е една од најредовните гости на сите прослави како што се оние на Зебрњак, Битката на Брегалница, Битката кај Удово и сите други со кои е одбележана поделбата и трагедијата на Македонија.

Не само што учествува како гостин туку многу често таа и ги држи главните говори каде што посебна специјалност и е бугаризацијата на историското ВМРО.

ВМРО-Народна партија, ова инсталирање на писател кој е веќе докажан во великосрпската политика и аспирација кон Македонија не го гледа како ништо друго освен како поткопување на основните македонски идентитетски вреднсти во кое активно за жал учествува партијата која го носи името „ВМРО“