Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се фатени во отворена соработка со бугарски националисти

24/05/2026  11:27

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Фотографијата на која членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон е со бугарскиот активист Виктор Стојанов, човек кој јавно го негира македонскиот идентитет и против кого државата води кривична постапка, е јасен доказ со кои луѓе соработува Венко Филипче и СДС.

Фотографијата е потврда за поврзаноста на Венко Филипче и раководството на СДС со структури кои отворено работат против македонските национални интереси.

Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев.

Стојанов со години отворено промовира бугарска националистичка теза дека Македонците се дел од бугарскиот народ. Стојанов е познат по кампањата со која нудеше 300 евра на Македонците за промена на презимето од „-ски“ во „-ов“ или „-ев“, дистрибуција на книги на браќата Миладинови како „бугарски“.

Стојанов лепеше налепници низ Скопје и другите градови со споени македонско и бугарско знаме и пораката дека „сме еден народ“, Стојанов имаше активности во Албанија со кои се обидуваше да ги убеди Македонците таму да се изјаснуваат како Бугари.

Филипче и лица од најтесниот круг на СДС како Земон јавно шират ставови со кои се омаловажуваат македонските револуционери, се релативизира македонската историја и се промовираат тези дека Македонија и Бугарија се „еден народ“. Тоа не е политички став тоа е директен удар на СДС врз темелите на македонската државност.

Токму затоа од видни членови на СДС кои виделе дека целата работа е отидена предалеку, сугерирано му е на Филипче да го тргне Земон од ИО на СДС за да не му штети на угледот на СДС, но да продолжат со да соработуваат во нивната агенда.

Додека македонскиот народ бара цврста заштита на идентитетот, јазикот и историјата, Филипче и неговите соработници водат политика на потчинување и сервилност кон бугарските позиции.

Зад приказната за „европска иднина“ на СДС се крие подготвеност за нови национални отстапки и бришење на македонскиот идентитет чекор по чекор. Внесувањето на Бугарите во Уставот не е последно барање, туку почеток на нова серија уцени насочени кон јазикот, историјата и културата.

Македонија нема да прифати политика на понижување, самонегирање и национално распродавање.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на секој обид за редефинирање на македонскиот идентитет и на секоја соработка со структури кои работат спротивно на интересите на државата и народот.

Македонија мора да остане достоинствена, суверена и национално исправена држава.