Skip to main content
Македонија

Силно невреме ќе ја зафати Македонија денеска

24/05/2026  07:58

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија во текот на денешниот ден ќе се најде под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас  и на влажна  и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (од 50 до 60 км/час) електрични празнења  и со услови за појава на град. Токму поради очекуваните ваквите поинтензивни атмосферски процеси апелирам на поглема внимателност.

Во Скопје  и околината исто така во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења  и со услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот денеска во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. Во Скопје  и околината максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 25 степени.