Skip to main content
Хроника

Возел без дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен гостиварец

23/05/2026  12:11

На 22.05.2026 во 22:45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода В.Б.(40) од Гостивар. Претходно, полициски службеници забележале дека тој со патничкото возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, поминал на црвено светло на семафор.

Набргу, возилото било запрено и при контролата било утврдено дека возилото го управувал без возачка дозвола, и под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,61 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.