
Светската фудбалска федерација ФИФА се подготвува за нов радикален потег, зголемување на бројот на репрезентации на Светско првенство 2030. До почетокот на Светското првенство 2026 има околу три недели и на овој Мундијал бројот на репрезентации е зголемен од 32 на 48, а ФИФА веќе размислува за 66 репрезентации.
Специјализирани спортски медиуми пренесуваат дека оваа идеја за зголемување на бројот на учеснички првобитно било предложено од јужноамериканскиот КОНМЕБОЛ, а веќе сериозно се размислува. Претседателот на ФИФА Џани Инфантино во оваа идеја гледа шанса некои нации кои никогаш не успеале да учествуваат на Светско првенство да стигнат до големата сцена.
Оваа година на Мундијалот улогата на дебитанти ја имаат: Курасао, Република Зелен ’Рт, Узбекистан и Јордан.
Светското првенство во 2030 година ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко со неколку натпревари во Аргентина, Уругвај и Парагвај.
Сепак ФИФА одлуката за проширување нема да ја донесе пред одигрувањето на финалето односно да биде познат новиот шампион на 19.јули 2026 година. Годинашниов Мундијал со зголемен број репрезентации можеби ќе биде и најдобриот тест за ФИФА.



