
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола и двајца со активна забрана.
Еден возач во Македонски Брод и по двајца возачи во Скопје и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден возачите во Прилеп бил и под дејство на алкохол. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


