Skip to main content
Хроника

Фатен малолетник кој крадел во џамии во Тетово

20/05/2026  10:47

На 19.05.2026 во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“.

Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од неа одзел пари.

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.