Skip to main content
Свет

Интензивни напади со дронови врз Одеса, Зеленски одобрил јунски оперативен план за напади врз руски цели

20/05/2026  10:14

Украинскиот пристанишен град Одеса е под интензивен напад со дронови, одекнуваат силни детонации, соопшти преку својот профил на „Телеграм“ шефот на Регионалната воена администрација, Олег Кипер.

Според локални информации, повеќе од 20 дронови го нападнале ураинскиот град од акваторијата на Црното Море, а локалните власти апелираат граѓаните да се засолнат во скривниците.

Инаку, најмалку 11 лица се повредени по руски напади врз градот Днипро и Сумската област, соопштија локалните власти.

Во меѓувреме, руските власти соопштија дека под напад со дронови на укранските сили се Невинномиск и индустриските зони околу градот. Гувернерот Владимир Владимиров посочи дека не се придизвикани штети врз индустриските објекти. Во областа се наоѓа и хемиската фабрика „Невинномиски Азот“, што и претходно беше цел на украински напади.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа соопшти дека одобрил планови за напади врз руски цели во јуни како дел од одбранбената кампања на Украина.

Во редовното вечерно видео-обраќање Зеленски рече дека мај донел промена во балансот на силите во полза на Украина. Тој додаде Украина поефикасно ги држи позициите, истовремено спроведувајќи повеќе офанзивни операции.

Зеленски ги оцени украинските напади со дронови длабоко на руска територија како особено значајни, дека нивната ефикасност во текот на овој месец била забележителна посочувајќи дека треба да се развиваат „на креативни начини“.