Skip to main content
Хроника

Возач тешко повреден откако излетал од патот

19/05/2026  15:36

На 19.05.2026 околу 00:10 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, патничко возило „фиат” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(50) од Богданци, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник С.П.(52) од Богданци, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.