Skip to main content
Култура

Васил Хаџиманов и неговиот бенд специјални гости на големиот концерт на Архангел

19/05/2026  12:28

Регионално признатиот виртуоз, пијанист и композитор Васил Хаџиманов, заедно со неговиот бенд, ќе бидат специјални гости на големиот самостоен концерт на Архангел, насловен „Срцевина”, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

Ова концертно гостување е резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на Архангел, Ристо Вртев и Хаџиманов.

Отворајќи го сопствениот креативен процес кон други врвни музичари, Вртев истакнува дека ова е ново и возбудливо искуство за него како автор. Зборувајќи за музиката што се создава во Белград, тој открива дека наскоро публиката ќе има можност да чуе дел од новиот материјал.

Соработката со Васил Хаџиманов претставува уште едно ексклузивно изненадување за публиката пред средбата на стадионот на АРМ. Влезниците за „Срцевина” се достапни онлајн на karti.com.mk и низ целата продажна мрежа во Македонија.