Состојки
• 500 грама пилешко месо;
• 4-5 бамји;
• 2 моркови;
• 1 помала главица кромид;
• 1 помал целер, карфиол и брокула;
• 1 жолчка;
• 1 поголема лажица павлака;
• сол, бибер;
• масло;
• магдонос.
Подготовка
Половина од морковот изрендајте го и ставете го во подлабок сад на оган со масло, кога ќе се запржи додадете го и сецканиот морков, месото и коренот од целер. Налијте со вода. Бамјата ставете ја во друг сад на оган, сипете 1/2 литар вода и 1 лажица оцет и варете ја 10-15 минути. Исцедете ја малку и измијте ја под ладна вода. Одложете ја на страна.
На половина варење на чорбата додадете ги карфиолот, кромидот и брокулата. Пред самиот крај додадете ги и бамјите. Посолете и забиберете. Во помала чинија изматете 1 жолчка и додадете и ја павлака, па убаво измешајте. Додадете ја смесата во супата полека со постојано мешање. Оставете да зоврие. Додадете го и магдоносот, тргнете го садот од оган, покријте го и чорбата е готова.