Skip to main content
Хроника

Уапсени две лица во Свети Николе и Куманово, управувале мопеди без дозвола и под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи

13/05/2026  15:12

На 12.05.2026 во 12:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе, мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(18) од Свети Николе, удрил во 69-годишната У.Ц.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.Ц., констатирани во Клиничка болница Штип. Н.Д. е лишен од слобода, затоа што при извршен увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе било констатирано дека Н.Д. го управувал мопедот, без да поседува возачка дозвола. Тој е задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 12.05.2026 околу 18:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од  ул.„Илинденска“ и плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, Д.Ѓ.(47) од Куманово, управувајќи мопед „пиаџо“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и извршени проверки, било констатирано дека Д.Ѓ. го управувал мопедот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,80 промили алкохол во крвта.

Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.